СПОДЕЛИ

Автобускиот превоз до Италија и назад се врши без никакви контроли на границите .

Од Местре, градот кој се наоѓа пред Венеција  утринава дошле 6 лица.  Словенечката, хрватската , српската  и нашата граница ја поминале  без никакви задржувања и надзор ниту пак прегледи на патниците од страна на медицински лица.

Возачите на автобусите велат дека постојано носат маски за заштита и превентива но тие не се плашат од вирусот според нив безпотребно се ширело паника отколку што реално треба .

Тие велат дека немаат добиено информација дека до сега на границите се вршеле некакви прегледи и задржувања.