
На интервјуто за магазинот „Parada“ славниот актер Харисон Форд го прашаа која е тајната за еден успешен брак.
Тој со својата сопруга Калиста Флокхарт се заедно речиси 18 години а парот ќе слави 10 години од брак.
Кога требало да одговори на прашањето тој низ смеа рекол дека за успешноста на бракот тајната е многу поедноставна од колку што сите мислат а тоа дека на секое прањање треба само да климате со главата да бидете насмеан и тивок .
Тој и неговата сопруга се редок пар од Холивуд на кој бракот им трае 10 години .