СПОДЕЛИ

Во овој период од годината децата се склони на настинки,вируси ,бактерии,алергии и слично.

Затоа најдобро е да направите сè што е во ваша моќ за да го заштитите вашето дете од зарази.

Не постојат одредени правила , но добро е да се потрудите и да се обидете колку што може повеќе да спречите често прифаќање зарази.

Еве 12 едноставни совети како НИЕ можеме да го заштитиме нашето дете во ,,НАЈКРИТИЧНИОТ ”период од годината:

1. Научете го детето редовно да ги мие рацете не само пред оброк;

2. Ограничувањето на шеќерот кој го внесуваат во текот на денот е една од првите работи што треба да ги направиме.Сите знаеме дека шеќерот е мајка за бактериите ;

3. Колку што можете потрудете се вашето дете да биде активно во текот на денот или најдобро запишете го на некакви спортски активности;

4. 10-12 часа му треба неопходен сон;

5. Допирањето на лицето со нивните раце да биде колку што може помалку, а посебно да не ги ставаат рацете во уста;

6. Обидувајте се да му ја збогатите исхраната со што е можно повеќе зеленчуци и овошје;

7. Замена со сува облека после секоја поголема активност.

8. Носете ги на доктор и на редовни месечни контроли;

9.Научете ги да не ги делат пијалаците со нивните другарчиња, затоа што така можат многу полесно да се заразат;

10. Туширајте ги секојдневно особено пред спиење;

11.Пиењето на вода во замена за сокови;

12. Водете „сметка“ за нивната консумација на витаминот Д, затоа што во зима им е нај потребен.